Подготовка

1. Мелените орео колачиња се мешаат со путерот и се натапкуваат во калап за тарт (20цм). Се остава во фрижидер да се стегне.
2. Во подлабок сад се мати крем сирењето, се додаваат киселата павалака, ванилата, шеќерот и мачата. Се мати додека се убаво се спои и не стане кремасто.
3. Потоа се додава подготвениот желатин (прво набабрува со 4 лажици ладна вода, па потоа се загрева во микро во интервали од по 20 секунди додека не се растопи целосно). Се меша убаво додека желатинот целосно се спои со филот.
4. Подготвениот фил се истура во калапот за тарт врз основата и се враќа во фрижидер да отстои минимум 3 часа.
Се декорира по желба, јас декорирав со зрнца од калинка.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови