26
мар
2013
Мафинси од киноа и спанаќ
Киноата ставате ја со водата да се вари околу 15 минути на тивок огин покриена за да ја впие водата.
Изматете ги јајцата. Додадете го исечениот спанаќ, издробеното сирење, малку пропржениот праз, ориганото, 1 лажица маслиново и обарената киноа. Добро промешајте и додадете малку сол и бибер. Со вака подготвената смеса наполнете ги калапчињата и ставете да се печат во загрена рерна околу 15 до 20 минути. Излегуваат околу 10 мафинси. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Киноата е житарка што наликува на просото и се наоѓа на врвот над сите други житарки, дури е позната и како кралица на житарките затоа и го добила името "quinoa".Нема глутен како поголемиот дел на житарки и е богата со многу минерали како калциум, магнезиум, железо. Самата житарка е богата со големо количество на протеини, во 100 грама киноа има 3 пати повеќе протеини отколку во 100 грама месо, па поради тоа е одлична храна за луѓе кои не конзумираат месо, за спортисти, активни луѓе, особено се препорачува како прва храна за бебиња после 8 месеци и се разбира инзворедна е за престојните пости бидејќи ќе ве држи долго време сити. Во развиените земји се подготвуваат многу солени и благи рецепти со киноа. Брзо се вари 15 до 20 минути, а може да ја најдете во подобро снабдените маркети и продавници за здрава храна.
П.С. Имаш други рецепти како ја приготвуваш?
Инаки со неа можеш да полнеш пиперки во комбинација со ориз и печурки, да ја додаваш во чорби и супи како фиде, како замена на брашно во пецива како во случајов, за пилав со зеленчук, може да се подготвуваат разни слатки колачиња, да се припрема како сладок десерт, сутлијаш со овошје, во комбинација со какао...
Убаво е да се знае дека самата киноа има специфичен мирис и малку горчлива нота, но ако пред да ја сварите ја оставите барем 15 минути да одстои во вода тој горчлив вкус исченува :)
http://www.surovoivkusno.com/kinoa/
Киноа никако да се кандисам да купам а веќе има толку прекрасни рецепти со неа