ana_azgour

Како мајка на 3 деца на претшколска возраст, слободно време скоро и да немам. А во ретките моменти кога ќе ми се создаде прилика, поминувам околу 30 минути во кујна, експериментирајќи со нови рецепти за неготвена веганска храна, кои потоа ги уживам со целото семејство! Сурова веганска храна е храна исклучително од растително потекло која што не е термички обработена т.е. не се загрева на температура над 47°С степени бидејќи се смета дека со тоа се уништуваат најголемиот дел од нејзините ензими, витамини, минерали и останати хранливи состојки. Единствената обработка се состои во сечкање, цедење, блендирање, `ртење и дехидрирање. Постојат стотици видови на сурова храна кои можат да се консумираат онака како што дошле од природата, почнувајќи од зеленолистести растенија и зеленчук, овошје, јатки, семки, `ртени житарки и мешунки. Дел од придобивките од консумирање жива храна се: зголемена енергија, избалансирана тежина, подобрен имунитет, чиста кожа, сјајна коса, изострен ум и алкализација на телото. Сурово и вкусно е првиот блог за неготвена храна на македонски јазик, и претставува збирка на белешки поврзани со суровата храна и нејзините бенефиции, како и избор на рецепти за приготвување на живи јадења (кашести сокови, растителни млека, шејкови, макала, главни јадења, салати, и неодоливи десерти).
0
рецепти
ana_azgour нема рецепти.
Последни коментари