7
ное
2013
Мафини со јаболко и мармалад
Јаболкото го миеме и рендаме со кората.
Јајцата и шеќерот ги матиме со рачна маталка додека да запенат го додаваме маслото, ренданто јаболко, брашното, какао, содата и мешаме се заедно да се изедначи смесата.
Во калапите за мафини ставете една лажица од смесата за мафини на средината една лажичка мармалад и повторно една лажица од смесата за мафини да го покриете мармаладот.
Печете во загреана релна на 170 степени околу 20 минути.
Додека се топли премачкајте ги со четка растопено чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови