23
мај
2022
Мафини со вишни
Подготовка:
1. Во длабок сад ги ставаме кокосовото млеко, маслото и маџунот, промешуваме со лажица. Го додаваме овесното и интегралното брашно. Мешаме со лажица да се соединат состојките. Ги додаваме пецивото и содата бикарбона, промешуваме. Во смесата за мафини ги додаваме вишните и чоколадните капки. Промешуваме
2. Во калап за мафини ставаме хартиени корпи и до половина ги полниме со смесата. Печиме во загреана рерна на 200 степени 15 минути и уште 20 минути на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани