Подготовка
- Исчистете ги семкитe од вишните
- Измешајте ги брашното, пецивото и какаото.
- Ставете ги во сад чоколадто, путерот и шеќерот. Ставете на пареа да се стопат, постојано промешувајки или доколку сакате,  ставете за кратко во мирко печка.
Во оваа смеса додадете ги јајцата и со жица или миксер на ниска брзина измешајте ги додека добиете хомогена смеса. Додадете го и сокот од вишните, треба да добиете убава глатка смеса.
- Калапите за мафини полнети ги до 1/3, во остатокот од смесата додадете ги исчистените вишни - измешајте и дополнете ги калапите.
- Ставете да се печат на 200 степени околу 15-20 мин. - проверувајте ги.
Оставете да се оладат и декорирајте ги по ваша желба.
Овие моите се за детска роденденска Парти забава на една мала принцеза - внуката Зои, да ни е жива и здрава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани