Маринирани копанчиња од жаби
Исчистените копанчиња од жаби ги миеме и ги посолуваме.
Ги зачинуваме со мешавина од градинарска чубрика, коријандер,мелен бибер.
Оставаме да постојат.
Јас ги оставив во фрижидер да постојат од вечерта, па утрото продолжив да ги подготвувам.
Значи тоа не мора да значи дека и вие треба цела ноќ да ги оставите.
Доволно е еден час.
На страна ситно сецкаме лук, кромид, додаваме бибер во зрнца, лимонов сок и бело вино.
Промешуваме и ги промешуваме жабјите копанчиња.
Оставаме во маринадата уште еден час.
Потоа откако си добиле вкус ги цедиме добро и ги похуваме во претходно изматени јајца, па во презла.
Јајцата ги изматив со миксерот.
Пржиме на тивок оган, додека не заруменат.
Вкусот прекрасен, но за оние кои ги обожуваат жапчињата.
На здравје со крцкавиве жапчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Вкусна е премногу, па затоа Кочанско некаде ,по оризите има најмногу и се лови најмногу. Завршуваат некаде по кафеаните, во порција од 10 евра :)