Пилешки копанчиња во сос од маслинки
Копаните добро посолени ги ставаме во тава со малку масло. Ги пржиме додека не заруменат и потоа ги додаваме ситно сецканиот кромид, мешаниот зеленчук и лук заедно со маслинките. Да напоменам дека маслинките треба да бидат исечкани на кругчиња.
Месото убаво го пржиме околу десетина минути (ќе видите да биде убаво испржено од сите страни). Потоа го додаваме виното и водата, па зачинуваме со солта и карито.Ја поклопуваме тавата и ја оставаме да динстува уште 30 минути на тивок оган.
На страна во друг сад ги ставаме сецканите компири ги полеваме со вода и им додаваме мешан зачин, ловоров лист и свинска маст и ги оставаме и тие на тивок оган да се динстуваат.
Кога водата веќе испарила во тавата која ја ставивме на оган, ги вадиме копанчињата и сервираме. Во секоја чинија по едно копанче, полеваме со сосот кој што има убава светло зелена боја од маслинките и од готовиот компир кој претходно го приготвивме.Се служи топличко за да уживате во убавиот мирис. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови