Рецепт за бајадери има овде - знам, но нели сега си го исполнувам тоа што го ветив. Да кажам како јас ја правам, а тоа се по упатство на една преееекрасна госпога блогерка Мамајац, која вели дека некогаш ефектни решенија за нештата ни се  пред носот, но тоа не го гледаме. Сосема во право.
Овде станува збор за едни најобични кеси за замрзнување. Јас денеска на ова лошо време не успеав да направам скоро речи ниту една добра слика, но сепак е видливо што сакав да кажам и покажам како да направите бајадерата да секој пресек изгледа навистина перфектен. Повелете понатму проследете го рецептот

ПОДГОТОВКА

1. За светлата смеса - на тивок оган во сад ставете ја водата, шеќерот, маргаринот, кога се стопил шеќерот тргнете го садот од ринглата, додадете ги смелените бискоти и ореви, измешајте да се целата смеса спои.
2. За темната смеса - исто како и за светлата, тргнете од ригнлата и додадете ја чоколатада - мешајте додека се истата стопи, па додадете ги оревите и бискотите.
Двете смеси оставете ги да се малку оладат.

Измерете на вага посебно светлата посебно темната смеса, па поделети ги секоја на два еднакви дела. Сите делови распоредете ги во најлон кеси од 3 литара, значи потребни се 4 кеси.
Додека сеуште се млаки смесите полека секоја прво со раката ја истапкајте во кесата, а потоа со оклагија - сукало прејдете преку кесата така се исполни целата кеса и добиете тенки табли со рамномерна дебелина. Добивате табла голема онолку колку што е голема кесата.
Оставете ги да оладат за да може полесно да се работи понатаму, а нема да згрешите ако ги ставите во фрижидер.
Откако се доволно оладиле прво земете ја кесата со темна смеса и лесно со скалпер или остар нож расечете ја кесата од двете страни и одклопете ја кесата, подигнете ја и пренесете на тацната или послужавник на која ке ја формирате самата бајадера.
Значи, долниот дел ке биде делот од кој сме ја одлепиле кесата. Одлепете ја кесата. На ред е светлата смеса, исто така исечете ја кесата и пренесете ја на темната смеса превртувајки ја, одлепете ја кесата и продолжете понатаму. На последната смеса не ја одлепувајте веднаш горната површина од кесата, со оклагијата или сукалото лесно поминете низ неа за да можат да се слепат сите слоеви.

Глазура
Во сад ставете ги водата, шеќерот и маргаринот и мешајте додека не се стопи шеќерот, тргнете го од ринглата и додајте чоколадата. Мешајте додека не се истата стопи. Доколку е многу густа, можете за кратко да го вратите садот повторно на ринглата. Вака спреманата глазура излијте ја врз бајадерата и оставете да се олади.
Исечете парчиња во ваша сакана димензија со остар нож.

Совет
Бидејки бискотите не се сите исти, зависи кои ги користите, најдобро да не ја ставате одеднаш целата количина на водата, смесата сама ќе се каже дали да додадете уште 20 мл., или не...
За добар и остар пресек потребно е бајадерата да одстои повеке време, повеке од 4 часа, па дури тогаш со долг остар и тенок нож на кого и тапата страна е тенка во еден потез да пресечете. Спротивно може да добиете несакана ивица или деформирање на самото парче.
Единствено ми е жал за сликите, но времето не ми дозволи...
Се надевам дека на некој му дадов идеја и ке послужи овој рецепт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани