22
авг
2014
Макарони со доматен сос и печурки
1. Макароните ги вариме по упатството на кесата. Ги цедиме и полеваме со неколку лажици масло за да не се залепат.
2. Кромидот го сечкаме ситно и го ставаме на масло да се пропржи.
3. Ги додаваме сечканите печурки и сечканите маслинки. Малку кога ќе се пропржат заедно со кромидот, го додаваме доматниот сос и така вариме некои 10-тина минути, за да подиспари течноста од сосот односно да ни се згусне сосот.
4. При крајот ги додаваме зачините, убаво промешуваме и сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани