Печените пиперки исечете ги на поситни парчиња и ставете ги во блендер заедно со таанот, солта, исецканите и малку истолчени претходно лукчиња и додадете 1 до 2 лажици маслиново масло. Сето тоа блендирајте го додека не добиете мазна и хомогена смеса. Имате готов намаз идеален за летниов период како прилог со јадења или намаз на топол домашен леб со добро парче сирење и домат. Уживајте.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови