Мазник
Започнуваме со подготовка на тестото. Брашното го истураме во подлабок сад и ја додаваме слота. Водата постепено ја додаваме во брашното и полека месиме со раце се додека не добиеме срено меко тесто. Убаво го месиме тестото и потоа го делиме на 6 пупалина. Секое пупале го намрсуваме убаво со масло и го покриваме со најлонска фолија и ги оставаме да одморат околу 40 минути. Потоа секое пупале го растегнуваме на чаршаф намрсуваме и ставаме сирење. Со помош на чаршавот виткаме кора и ја ставаме во налрсено тавче. Ја правиме истата постапка со сите кори и мазникот го печиме на 1-200 степени околу 30 минути.На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови