Бадников мазник
Овој мазник се спрема за празникот Бадник.
Јас правам еден со ориз и еден со лук, бидејќи и двата ги сакаме, па не можиме да се одлучиме само за еден.
Подготовка на корите
Се замесува средно тесто. Од тестото се зема големина колку еден лимон. Се сучи кора. Се става на шпорет на дрва, да се потпечи од двете страни на не многу јак оган. Првата кора се става врз чаршав, а потоа другите врз неа.
Припрема на филот од ориз
Оризот со маслото, водата и солта се вари. Не треба да биде сув, но не и многу течен.
Припрема на фил од лук
Лукот се толчи со солта, се додава маслото и водата. Сето се меша заедно.
Мазник со ориз
Тавчето се мачка со масло. Се става една кора, врз неа се попрскува со 2-3 лажици вода, 2 лажици масло и 2-3 лажици минерална вода. Една кора се крши на поголеми парчина и се става врз првата. попрскуваме. Се тура од филот отприлика 3-4 лажици и се така додека не го наполниме тавчето. На крај завршуваме со кора. Врз неа попрскуваме исто како на претходните.
Мазник со лук
За мазникот со лук е истата постапка само што попрскуваме само со минерална вода и масло. Не се попрскува со врела вода бидејќи врела вода има во филот.
Се печи во загреана рерна на 220 степени 5 минути, потоа намалуваме на 180 степени, печиме уште 10 минути. Потоа намалуваме на 150 степени и печиме уште 30тина минути. Пред да го извадиме ( пред 3-4 минути) се мачка со четче со масло и вода.
Лиценца: Сите права се задржани
prvo> kolkavi ti se finzalite na golemina po ML?
kori? koga ke gi napravis kolku voda mu se klava na ova so solta.. i ako nemam takvo spore dali mozi na ringlet da se klaj vo tafce da se napravat . tuka kaj mene sporeto e nastuja...
1L voda to e mnogu na eden finzal oriz? to ke doj mnogu vodesto .. aj ke te cekam da mi kazis za mojte prasvanje .. fala i pozz
не е многу вода бидејќи треба да биде потечен оризот.
Поздрав