Мазник со тиква (посен со масло)
Го замесуваме тестото со брашното и водата. Тестото го замесуваме на меко и го делиме на 6 топчиња.
Секое пупале (топче) го мачкаме со масло и ги оставаме да стојат со маслото и покриени со најлонска кеса околу 40 мин.
Во меѓувреме претходно варената тиква ја пасираме, го додаваме шеќерот и ванилите и убаво мешаме. Од секое пупале тегниме кора на чаршаф ја филоваме и виткаме кора.
Така правиме со сите кори и ги виткаме една околу друга. Ги ставаме во намрсено тавче, прскаме масло над сите кори по малку пред да го ставиме да се печи. Мазникот го печиме на 200 степени оклолу 40 мин.
Ако тиквата е блага ставете помалку шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови