
17
ное
2014
Лиснато со сирење
1. Тестото се замесува од вечер за да тестото преноќи.
2. Утредента масното тесто се размешува и се прави коцка и се прекрива со хартија за печење. Се остава во фрижидер 10 мин.
3. Се вадат и двете теста. Се сука кора и се става во средина масното тесто, се прекрива со кората, се пресукува неколку пати. Се прави правоаголник и се остава во фрижидер 1 час.
4. Се вади од фрижидер и прават форми по желба. Се филува со сирење или урда.
5. Се остава да стасува уште 4 часа. Потоа се премачкува со жолчка и се посипува со сусам.
6. Се печат 30 мин. на 200 степени.
Добар Апетит!!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови