1. Во еден сад се меша брашното, квасецот, солта и шеќерот. Добро се меша со жица за матење јајца.
2. Постепено се додава зејтинот, а потоа и топлата вода, малку по малку се додава, додека да се добие меко тесто.
3. Се развлекува кора со дебелина од 1цм и се премачкува со филот од растопен маргарин и сирење. Се преклопува кората стандардно за лиснато (од лево на десно до пола, па од долу кон нагоре до пола, од десно на лево, па од горе надолу, да се добие коцка).
4. Се остава во фрижидер 20-30мин. Истата постапка се повторува уште два пати. Се вади, се расукува (се премачкува со филот и се преклопува во коцка). Се остава во фрижидер 20-30мин.
5. Се расукува кората по саканата дебелина (ако сакате да бидат повисоки, правете подебело тесто од 2цм, моето е околу 1цм) и со чаша вадете кругови. Се редат на тава премачкана со маргарин. Се премачкуваат со јајце, па се наросуваат со сусам.
6. Се печи во загреана рерна на 200-220 степени, додека да заруменат.

Забелешка
Ако немате доволно време за чекање, можете тестото да го ставете и во замрзнувач 10тина минути. Испробано ми е и успешно.
Количината на водата зависи од брашното, додавајте постепено од топлата вода, можеби нема да ја искористите цела, ама можеби и ќе треба да додадете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани