Лешник торта
Како што е редот на оваа наша омилена страна, за 200 рецепт ве частам со торта. Торта, како што може да се види и од моите рецепти, ретко правам, скоро никогаш откако ми пораснаа децата, ама оваа прилика не сакав да ја пропуштам. Го видов рецептот по интернетот и со неа сакам да ви се заблагодарам на сите, на тимот на Мои рецепти и вам кои секојдневно ја збогатувате страницава, за пријатните моменти кои ги поминуваме овде.
За темниот кекс, изматете го путерот и шеќерот, додајте ги јајцата едно по едно, чоколадото, ванилата, брашното и лешниците. Од оваа смеса јас испеков два посебни кекса, а вие ако сте вешти во сечењето, испечете еден па пресечете го по пола. Тепсијата е 22 со обрач.
За белиот дел, изматете ги белките со шеќерот и ванилата, па ставете го нишестето, измешајте и на крајот додајте ги целите лешници. Овој дел се суши на ниска температура, на 120 степени околу саат, саат и половина.
Нугат крем
Желатинот најпрво со малку водичка набубрете го. Слатката павлака вжештете ја и прелијте ја преку нугатот, додајте го шеќерот, измешајте убаво и ставете го стоплениот желатин. Убаво измешајте, да се соедини целата смеса.
Карамел крем
Исто и овде прво набубрете го желатинот. Крем сирењето изматете го со млекото и додајте го стоплениот желатин. Убаво изматете.
За глазурата, вжештете ја павлаката, прелијте ја преку искршеното чоколадо и кога ќе се излади изматете ја малку со миксер. Со неа филовајте ја одозгора тортата а украсете ја по желба.
Се редат
1. Темен кекс, нугат крем, карамел крем, кексот со белки, карамел крем, нугат крем и завршува со темниот кекс.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да се множат уште многу рецепти, несомнено многу корисни и квалитетни како досегашниве! Здравје пред се, па се останато!
Тортата е преубава, и на изглед и по состав :)
Tortickava po sostav i izgled prevkusno izgleda a peperutcinata posebno slatki:)))
Честитки и нека се множат уште многу рецепти. :)
најпрво мора да кажеме дека ни е навистина драго што повторно си активна со твоите рецепти, бидејќи ти си една од првите активни членки на оваа страница, уште од самиот почеток.
За тортата, си гледаме во монитор и пак се каеме што нема правило дека сите јубилејни рецепти мора прво да ги пробаме :))
Навистина ремек дело!
Ти благодариме за сите твои одлични рецепти и ти подаруваме Делимано Дигитален проточен бојлер/чешма. Честитки!
Ги очекуваме твоите идни рецепти,
дружењето продолжува.
Тимот на МоиРецепти