31
дек
2021
Лешник колач
Подготовка
1. Во подлабок сад измешајте ги брашното, солта, пецивото и мелените лешници.
2. Путерот изматете го со шеќерот. Додајте ги јајцата и жолчката, едно по едно, со постојано матење. Додавајте ги млекото и брашното дел по дел. Кога е се убаво измешано додајте ги сечканите лешници и ренданата кора од портокал и измешајте со лажица.
3. Додајте ја смесата во калап за печење (20цм) и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Оставете да се олади, па наросете со малку шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Среќни празници :)