Испечати

Лешник колач

Лешник колач

Состојки

  • 100г брашно
  • 1 лажичка пециво
  • прстофат сол
  • 120г потпечени лешници (90г мелени + 30г сецкани)
  • 120г путер (собна температура)
  • 60г шеќер
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка ванила
  • 30мл млеко
  • рендна кора од еден портокал

Подготовка

Подготовка

1. Во подлабок сад измешајте ги брашното, солта, пецивото и мелените лешници.
2. Путерот изматете го со шеќерот. Додајте ги јајцата и жолчката, едно по едно, со постојано матење. Додавајте ги млекото и брашното дел по дел. Кога е се убаво измешано додајте ги сечканите лешници и ренданата кора од портокал и измешајте со лажица.
3. Додајте ја смесата во калап за печење (20цм) и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Оставете да се олади, па наросете со малку шеќер во прав.

На здравје!