
28
јул
2013
Летно макало со печени пиперки и домати
Во сад за толчење ставете го лукот, посолете и истолчете го.
Пиперките исецкајте ги и додајте ги во садот.
И нив истолчете ги.
Доматите излупете ги, исецкајте ги и додајте ги во садот,
Благо истолчете ги и нив, додајте го и сецканиот магдонос .
Посолете и посипете со масло(ладно или може загреано).
Измешајте и послужете го со топло лебче.
Лиценца: Сите права се задржани