Ова е едноставно макало кое можете да го подготвите и да го чувате во фрижидер – можете да користите и црвени пиперки од тегла, или пак сами да ги испечете. Ова макало го комбинираме со зачинети пица стапчиња кои имаат одличен вкус.

Подготовка

Чекор 1: Подготовката на ова макало е толку едноставна – ставете сè во еден сад и со убав блендер добро измешајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса, но внимавајте да не претерате. Сакаме да задржиме дел од текстурата на состојките. Зачувајте малку мелени или сечкани ореви за украсување.

Чекор 2: За да се направи тестото за стапчињата, квасецот помешајте го со шеќер, топла вода и маслиново масло и оставете го 10 минути да отстои.

Чекор 3: Измешајте го брашното со сувите пиперки и потоа додадете ја водата со квасецот и сè убаво измешајте. Извадете ја смесата од садот на работната маса, доколку имате потреба убаво да ја измесите. Проверете дали сувите лути пиперчиња се убаво распространети низ тестото и оставете го на топло место да стаса 1 час.

Чекор 4: Откако тестото ќе стаса ставете го на работната маса и расукајте го заедно со сусамот. Ние се трудиме да добиеме кружна форма.

Чекор 5: Загрејте ја тавата на максимум и испечете го од двете страни. Потоа исечете го на ленти за да можете да се послужите од макалото.

СОВЕТ: Пица стапчињата одлично одговараат со киселкастиот вкус на макалото. Малку бело сирење како додаток само ќе го подобри вкусот.