Леб без месење мек како памук
Лебот не се меси, мек е како памук, за вкусот не се коментира, едноставно пробајте го.
1. Во топла вода се додава шеќер и квасец. Се остава некоја минута да почне да се активира квасецот.
2. Кон квасецот се додава просеано брашно, сол и половина од зејтинот. Со дрвена лажица се меша за да снема грутки од брашното. На крај се додава и останатиот зејтин и пак кратко се промешува. Се покрива со чиста крпа и се остава да надојде, околу 40 минути.
3. Тестото сега се истура на набрашнета површина (ставете поголема количина брашно, околу една шака) и лесно се формира округол леб. Тестото е доста меко, само пополека од страните го обликуваме. Во округол плех бр. 26 ставаме брашно и го префрламе лебот. И одозгора посипуваме брашно. Го покриваме со крпа и го оставаме 5 минути да отстои.
4. Лебот го засекуваме на три, четири места за да не испука при печењето.
5. Се уклучува рерната на 200 степени и кога ќе исклучи односно кога ќе се постигне саканата температура, се става лебот на печење. Се пече околу 30 минути. Го печев 10 минути на 200 степени, а потоа ја намалив температурата. Последните 5 минути, лебот го покрив со фолија. Ви опишав како јас го печев, но тоа сепак зависи од секоја рерна.
Се вади од рерната, се замотува во чиста крпа околу 10 минути и потоа може да се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови