Куглоф со џем и суво грозје (посно)
1. Џемот и шеќерот се мешаат со лажица.
2. Смесата ја разредуваме со вода и додаваме цимет, ореви, суво грозје и кора од лимон.
3. Во брашното ги додаваме содата и пецивото и ги мешаме сите состојки заедно.
4. Куглофот го намрсуваме со масло и брашно.
5. Ја истураме смесата и печеме на 200 степени околу 45-50 минути. Проба дали е печено правиме со чепкалка или долго дрвено стапче (за ражничи).
6. Чоколадото го топиме на тивко и откако куглоф колачот ќе го превртиме го полеваме со него. Украсуваме со чоколадни трошки.
Забелешка
По рецептот ми стои 350 мл вода, но јас ставив 450 мл, дали ми беше брашното многу суво или пак ставив неполни лажици мармалад, не знам. Затоа, ако се решите да го правите, кога ќе ја ставите водата, тестото не треба да ви е многу ниту густо ниту пак многу ретко.
Може и во тавче да се пече, на хартија за печење. Во тој случај може да се јаде и во денови без масло.
Лиценца: Сите права се задржани