14
јан
2020
Куглоф со суво овошје и портокал
Овој рецепт го комбинирав од два рецепти и резултатот беше совршен.
Најпрво се вклучува рерната на 180 степени да загрее.
Во сад се става брашното, сода бикарбона, зејтинот и сувото овошје и сето тоа убаво се меша.
Се ренда кора од 1 портокал и истиот портокал се цеди.
Во смесата се додаваат кората и сокот од портокал.
Чоколадото се крши на поситни коцки и се додава во смесата заедно со киселата вода и аромата.
На крај сета смеса убаво се меша и е малку потечна.
Смесата се претура во калап за куглоф и се става во рерна на 180 степени да се пече околу 30 мин.
Одкако ќе се испече се остава да олади, па се декорира по желба.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани