Најпрворво ги делиме жолчките од белките. Жолчките ги биеме сами, а во друг сад ги биеме белките заедно со шеќерот и потоа биени ги додаваме во биените жолчки. Ги додаваме млекото и маслото и биеме уште кратко. Го исклучуваме миксерот и ги додаваме брашното заедно со пецивото. Мешаме со дрвена лажица и на крај ги додаваме мелените ореви, ренданата кора од лимон, бадемите и сувото овошје. Сместа ја истураме во намрсен калап и печиме на 190 степени околу 35 минути. Куглофот кога ќе се испечи го превртуваме на тацна и го преливаме со топеното чоколадо и наросуваме од смесата со суво овошје и бадеми,на здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови