Испечати

Куглоф со бадеми и суво овошје

Куглоф со бадеми и суво овошје

Состојки

  • 5 јајца
  • 150гр. кафеав шеќер
  • 1 пециво
  • 6 лажици масло
  • 100мл. млако млеко
  • 100гр. мелени бадеми
  • 100гр. мелени ореви
  • 50гр. суво грозје
  • 50гр. сецкани суви кајсии
  • 50гр. сецкани суви сливи
  • 10 лажици брашно
  • 1 рендана кора од лимон
  • 100гр. чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Најпрворво ги делиме жолчките од белките. Жолчките ги биеме сами, а во друг сад ги биеме белките заедно со шеќерот и потоа биени ги додаваме во биените жолчки. Ги додаваме млекото и маслото и биеме уште кратко. Го исклучуваме миксерот и ги додаваме брашното заедно со пецивото. Мешаме со дрвена лажица и на крај ги додаваме мелените ореви, ренданата кора од лимон, бадемите и сувото овошје. Сместа ја истураме во намрсен калап и печиме на 190 степени околу 35 минути. Куглофот кога ќе се испечи го превртуваме на тацна и го преливаме со топеното чоколадо и наросуваме од смесата со суво овошје и бадеми,на здравје!!!