Испечати

Куглоф со суво овошје и портокал

Куглоф со суво овошје и портокал

Состојки

  • 500гр Интегрално брашно
  • 100мл Масло
  • 400мл Кисела вода
  • 100 гр Суво овошје по желба
  • 1 Чоколадо за готвење
  • 2 лажици Маџун или мед
  • 1 Портокал
  • 100гр Сецкани ореви
  • 2 лажички Сода бикарбона

Подготовка

Овој рецепт го комбинирав од два рецепти и резултатот беше совршен.
Најпрво се вклучува рерната на 180 степени да загрее.

Во сад се става брашното, сода бикарбона, зејтинот и сувото овошје и сето тоа убаво се меша.

Се ренда кора од 1 портокал и истиот портокал се цеди.
Во смесата се додаваат кората и сокот од портокал.

Чоколадото се крши на поситни коцки и се додава во смесата заедно со киселата вода и аромата.

На крај сета смеса убаво се меша и е малку потечна.

Смесата се претура во калап за куглоф и се става во рерна на 180 степени да се пече околу 30 мин.

Одкако ќе се испече се остава да олади, па се декорира по желба.

Добар апетит.