Куглоф со мелено месо и јајца
Подготовка
1. Кратко запржете го кромидот во тава и додадете го меленото месо да се пржи заедно со него додека му испари водата. Додадете го лукот и магдоносот и по минута до две откако ќе се спојат, тргнете од рингла.
2. Сувиот леб натопете го во млака вода или млеко и исцедете го. Ставете го во длабок сад со јајцата, павлаката, пецивото и брашното и измешајте убаво.
3. Потоа додадете го зеленчукот од конзерва или претходно варен, грашок, пченка и/морков и прженото мелено месо и се убаво измешајте.
4. Калапот за куглов благо намастете го, ако сметате дека има потреба и наредете го по ѕидовите со парчињата панцета. Доколку е подолга оставете краевите да висат.
5. Ставете 1/3 од смесата. Врз неа наредете ги варенита јајца и потоа истурете го остатокот од смесата врз нив. Затворете со листовите панцета кои висеа. Печете 10на минути на 200С, потоа намалете на 180 и печете уште 40на минути.
6. Оставете го малку да олади и потоа превртете го на рамна чинија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови