Несекојдневна комбинација да послужите шпагети со интересен лик, кои по вкус неодоливо потсетуваат на болоњезе...

Сварете ги шпагетите и оставете ги да се цедат.
Кромидот ситно осецкајте го и пропржете го заедно со меленото месо на малку масло. Кога ќе се подпржи месото додадете го и доматниот сос, зачинете по вкус и варете некои 10 мин со повремено промешување, односно додека не испари вишокот течост.
Во посебен сад изматете ги јајцата со млекото или јогуртот по моја препорака и додадете го магдоносот.
Намастете го калапот за куглоф и распоредете пола од сварените шпагети. Прелијте ги со пола од изматеното јајце со млеко(јогурт). Изрендајте пола од кашкавалот, па потоа сипете ја смесата со мелено месо. Изрендајте ја другата половина од кашкавалот, па на крај распоредете ги преостанатите шпагети, кои ги преливаме со останатиот дел од смесата со јајцето. Убаво израмнувајте.
Печете на 200 степени додека не порумени.
Кога е готово, почекајте убаво да подолади (да можите да го држите кугловот со раце) па потоа превртете го на чинија за сервирање и уживајте.

Забелешка
Бидејќи немав доволно доматен сос, додадов и ситно сецкани и излупени домати за да се исполни потребната количина. Да не ве буни тоа што ќе го видите во дополнителната слика Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани