Куглоф со кус кус и мелено месо
Во посолена и зовриена вода (400мл.) се става кус кусот да се вари на тивок оган 10-15 минути. Откако ќе се свари кус кусот, доколку има вода се цеди од водата, но не би требало да остане вода. Се остава да олади.
Кромидот и шампињоните ситно се сечкаат, се додава меленото месо, презлата, јајцата, зачините, сол. Се убаво се измеша и се додава сварениот кус кус и потоа сите состојки убаво се измешаат и смесата се става во куглоф калап предходно обилно намачкан со маргарин. Сместата убаво со лажица се израмува и се премачкува со прелив од јајце и павлака. Се пече во рерна на 200 степени, околу 40 минути.
Откако се испече, се остава да се олади, па потоа се вади од калапот.
Се сече на парчиња и се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови