Испечати

Куглоф со кус кус и мелено месо

Куглоф со кус кус и мелено месо

Состојки

  • 1 чаша кус кус
  • 500 гр. мелено месо
  • 200 гр. шампињони
  • 1 главица кромид
  • 2 јајца
  • 2 лажици вегета
  • 1/2 лажица црвен пипер
  • 1/2 лажица сол
  • 2 лажици презла
  • малку мелен црн бибер
  • за премачување на калапот
  • 50-70 гр. маргарин
  • прелив пред печење
  • 1 јајце
  • 1 лажица кисела павлака

Подготовка

Во посолена и зовриена вода (400мл.) се става кус кусот да се вари на тивок оган 10-15 минути. Откако ќе се свари кус кусот, доколку има вода се цеди од водата, но не би требало да остане вода. Се остава да олади.
Кромидот и шампињоните ситно се сечкаат, се додава меленото месо, презлата, јајцата, зачините, сол. Се убаво се измеша и се додава сварениот кус кус и  потоа сите состојки убаво се измешаат и смесата се става во куглоф калап предходно обилно намачкан со маргарин. Сместата убаво со лажица се израмува и се премачкува со прелив од јајце и павлака. Се пече во рерна на 200 степени, околу 40 минути.
Откако се испече, се остава да се олади, па потоа се вади од калапот.
Се сече на парчиња и се служи.