Најпрво започнуваме со подготовката на карамел кремот. Го запржуваме шеќерот со постојано мешање и кога ќе добие убава златна боја го додаваме млекото и уште малку мешаме за да зовријат.
Настрана ги биеме жолчките со миксер на пареа и го додаваме пудингот и ванилата (за да нема грутчиња пудингот и ванилата измешајте ги со 1 лажица ладно млеко и потоа ставете ги во жолчките) и го додаваме млекото со горениот шеќер постојано мешајки се додека не се добие густа смеса.
Ја тргаме настрана и оставаме да се излади.

Започнуваме со подготовка на паниспањата. Ги биеме белките со постојано додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме, брашното, пецивото, маслото, кикирите, какаото и млекото.
Во намрсен калап за куглоф ја истураме половина од паниспањата и ја печиме 10 мин. на 170 степени колку да фати кора. Ја вадиме од рерна и со помош на шприц го нанесуваме карамел кремот и над него другата половина од паниспањата и печиме 35 мин.на 190 степени. Ладен куглофот го чоколадираме со топеното чоколадо и укарсуваме со кикири и чоколадни топчиња. Еден од моите омилени десерти, поздрав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови