Подготовка:

1. Фил- Се ставаат исечканите јаболка заедно со шеќерот во тава да се пржат, додека да испари водата. На крајот се додава циметот и се исклучува ринглата.
2. Тесто- Се топи маргаринот заедно со шеќерот и се остава да олади. Се замесува тестото со брашното, јајцата, изладениот маргарин, маслото, кората од лимон и пецивото. Се дели тестото на 2 дела.
3. Првиот дел се расплескува на дното на тавата бр28. Врз него се реди филот од јаболка. Над јаболката се става другиот дел од тестото. Јас правев кругови со модла од крофни.
4. Се пече во загреана рерна на 180 С-45мин. Тестото е совршено, ровко и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани