
15
јул
2020
Крем од цреши
Се чистат црешите и се сечкаат на ситни парчиња или можите кратко во сечко да ги помините да не се сомелени како каша.
Се мешаат со шеќерот, лимонот  и бурбон ванилата и се оставаат на страна. 
Слатката павлака цврсто ја матиме и внимателно со нежно мешање во неа го додаваме киселото млеко или грчкиот јогурт.
На крај се додава амаретото и се заедно се меша. 
Се полнат чашите и се оставаат неколку часа во фрижидер убаво да се оладат пред служење.
Лиценца: Сите права се задржани






















