Испечати

Крем од цреши

Крем од цреши

Состојки

  • 250 гр цреши
  • 1 - 1,5 лажица шеќер
  • 1 пакетче бурбон ванила
  • 1 лажица сок од лимон
  • 100 мл слатка павлака
  • 180 гр грчки јогурт или кисело млеко
  • 2 лажици амарето ликер или 1/4 ампула амарето екстракт ако немате ликер)

Подготовка

Се чистат црешите и се сечкаат на ситни парчиња или можите кратко во сечко да ги помините да не се сомелени како каша.
Се мешаат со шеќерот, лимонот и бурбон ванилата и се оставаат на страна.

Слатката павлака цврсто ја матиме и внимателно со нежно мешање во неа го додаваме киселото млеко или грчкиот јогурт.
На крај се додава амаретото и се заедно се меша.

Се полнат чашите и се оставаат неколку часа во фрижидер убаво да се оладат пред служење.