Видео рецепт: Клафути со цреши
Клафути со цреши е традиционален Француски рецепт, направен со сочно свежо овошје. Овде користиме цреши, но можете да ставите и сливи или праски.
Состојки
- 450 грама цреши исчистени од семки
- 300 грама брашно
- 4 јајца
- 12 супени лажици шеќер
- Половина кафена лажичка сол
- 1 супена лажица екстракт од ванила
- 300 милилитри млеко
- 300 милилитри крем
- 140 грама путер
- Кора од 1 лимон
Подготовка
Чекор 1: Прво, измешајте ги состојките за смесата за тестото… Потоа ставете ги млекото и кремот и измешајте... Потоа ставете ги и јајцата и продолжете да мешате.
Ставете го омекнатиот путер и мешајте додека да се спојат сите состојки…
На крај, изрендајте кора од еден лимон во смесата... И оставете ја на страна.
Чекор 2: Време е да ги исчистиме црешите…Можете да седнете надвор и да повикате неколку помошници за работата да оди малку побргу…
Потребни ни се 450 цреши исчистени од семки.
Чекор 3: Тавата намачкајте ја со путер и уверете се дека сте ги покриле сите агли и рабови, а потоа расфрлајте малку шеќер.
Чекор 4: Ставете ги црешите на дното од тавата… Протресете ја тавата за црешите рамномерно да се распоредат и потоа врз нив сипете ја смесата за тестото …
Печете на температура од 160 степени 25 минути или додека тестото да стане тврдо на допир…
Чекор 5: Време е за сервирање: Едноставно ставете големо парче од десертот на чинија... Потоа попрскајте со малку шеќер во прав и ставете уште неколку чреши како декорација.
СОВЕТ: Зошто да не ја искористите максимално сезоната на црешите и да ја сервирате оваа слатка закуска за пријателите и семејството? Извонредно е вкусна сервирана топла или студена... А можеби дури и со малку сладолед?
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет тави за пица
време е на дудунки за некој ден....само да ви кажам де, не е дека ВЕ ТЕРАМ ДА СМИСЛИТЕ НЕШТО СО ДУДИНКИ, само онака...спомнав :) :) :) :)