Крем карамел торта
Денес и беше роденден на тета Данче па со клинциве решивме малку да засукаме ракави и да ја изненадиме. Тортава се прави навистина брзо а за вкусот може да претпоставите, лапни-голтни , се топи секое залаче во уста. Да напоменам дека ја печевме во округли калап на кој се вади страничниот дел. Епа подготовката оди вака
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер и постепено го додаваме шеќерот. Откако ќе се згуснат ги додаваме мелените ореви и брашното и мешаме со лажица за смесата да се соедини. Го истураме тестото во калапот и печеме 20 мин на 180-200 степени. Откако тестото е печено го боцкаме со виљушка на неколку места и го преливаме со 100 мл. млеко.
Желатинот го размешуваме со 6 лажици вода и го оставаме да набубри. Во меѓувреме во сад на оган ставаме 10 лажици шеќер да се карамелизира. Откако карамелот ќе добие златно-золта боја во садот налеваме 700 мл млеко и чекаме да проврие. Во преостанатите 100 мл млеко ги размешуваме пудинзите и 4-те жолчи и ги додаваме во карамелизираното млеко. Вариме густ крем со постојано мешање. Го тргаме садот од оган и во него го додаваме набубрениот желатин. Во садот ги додаваме и мелените ореви. Ја матиме и слатката павлака и ја додаваме во изладениот крем. Убаво промешуваме и така приготвениот крем го истураме врз тестото во калапот. Го оставаме калапот во фрижидер околу 1 час да стегне кремот.
Уште 4 лажици шеќер ги ставаме во сад на оган да се карамелизира. Додаваме 150 мл млеко и го оставаме карамелизираното млеко да се излади. Во сад за матење го ставаме прашокот за шлаг и изладеното карамелизирано млеко и го матиме. Тортата ја украсуваме по желба.
На здравје нека е
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови