Крем карамела
Крем карамелот уште е познат и како карамел пудинг кој потекнува од Португалија и наречен е крем карамел или карамел пудинг затоа што слојот на површината и е во течна карамела.
Подготовка на карамелот
Во тенџере на оган ставете ги 6-те лажици шеќер и 6-те лажици вода. Мешајте додека смесата почне да се густи така што кога ќе се згусти оставте да добие уште светло кафеава боја. Во 6 помалечки садови истурете ја смесата (карамелот) така што во сите да ви биде подеднакво и оставете да се стегне.
Подготовка на кремот
Во тенџере на оган ставете го млекото ванилата и шеќерот и мешајте додека млекото не почне да врие па тргнето го од оган. Во еден сад изматете ги со вилушка јајца и жолчките и додавајте по малу во врелото млеко непрекинато мешајки. Смесата истурете ја подеднакво во 6-те садови со карамелот. Во плех во кој ги собира 6-те садови истурете врела вода и ставте ги садовите во плехот но внимавајте да не ви влезе вода во садовите.Потоа ставте ги во загреана рерна на 100С и печете додека не забележите како кора на површината за да бидете сигурни дали кремот е готов земете еден нож и прободете го во средината на еден крем,ако ножот е сув тогаш се готови но ако не е оставте уште неколку минути.Откако ќе ги извадете од рерна оставте да се оладат.Оладените кремови поминете ги со нож по краевите.Потоа земете 6 чинии за сервирање и превртете ги кремовите на чиниите така што ќе истече течен карамел по целиот крем. Добар апетит..
СОВЕТ-белките што ви останаа можете да ги замрзнете во сад за мраз (коцки) па по потреба да ги извадете за подготовка на некој рецепт.Само оставте ги да одмрзнат па приготвувајте го рецептот.
Лиценца: Сите права се задржани