Кремпита
1.Лиснатото се развлекува колку опачината на тава со димензии 32 на 39 цм.Се поросува тавата со брашно, се става кората на опачината. Се боцка со нож на повеќе места и се става да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 10 мин.. Постапката се повторува и со другото тесто. Се оставаат да се изладат, а едната кора се сече на коцки и тие ќе се стават најгоре.
2.За филот
Жолчките се делат од белките. Се матат, им се додава брашното, водата и млеко по потреба за да се добие течна смеса. Се става остатокот од млекото да зоврие со ванилите и шеќерот кристал. Се матат белките со шеќерот во прав. Штом зоврие млекото се додава смесата од жолчките и се вари густ крем.
Потоа на тивок оган во два наврати се додаваат изматените белки и се меша со лажица да се соедини со кремот, по минутка до две.
3.Се става кората во тавата, таа што е цела, се истура жешкиот фил, па се редат коцките од лиснатото.
Се остава да се излади на собна температура, па во фрижидер.
Пред служење се наросува преку цедалка со шеќер во прав.
И после уживајте во сладењето!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
мене носталгија ми остана за онаа кремпита на времето шо ја имаше по слаткарниците. сега веќе и тие не ја прат иста...