Кремпита
Развлечете го лиснатото тесто во две кори во големина на садот. Едната кора ставете во садот, втората исечете ја на онолку делови колку што планирате да послужите парчиња. Испечете ги парчињата наредени во тепсија во загреана рерна 5-7 минути или додека заруменат.Извадете ги и изладете ги.
Сите состојки за кремата измешајте ги во млекото,додадете ги во остатокот од свареното млеко и варете на тивок оган, исто како пудинг. Оставете да се излади, изматетете го путерот со шеќерот во прав и соединете ги сите состојки. Истурете ги врз првата печена кора, изладете, изматете ја слатката павлака, ставете ја одозгора и потоа наредете ги печените парчиња лиснато тесто и исечете ја кремата и долната кора во согласност со веќе наредените парчиња.
Одозгора украсете со сезонско овошје, замрзнато овошје, компот, слатко...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
1. кои ми се состојки за кремата? на пудингот се мисли? :)
2. а јајцата кај се?
3. а тие 10 лажици шеќер се шеќерот во прав?
ајде, одговори ми побрзо. гладна сум :) :) :) :)