
Кремасти колач од костени
На Бадниковата трпеза обично ги има и варените костени и искористете ги преостанатите и направете го овој прекрасен колач.
Јајцата се матат со шеќерот а потоа се додаваат и преостанатите состојки и се пече пандишпан во плех 32-40.
Фил
Костените се лупат и се пасираат или се ставаат во блендер. Маргаринот се мати со шеќерот во кремаста маса. Кесичките шлаг пена се матат со млекото и полека кон нив се додава пирето од костени. На крај се додава и маргаринот, се заедно се мати и се добива прекрасен мазен крем со кој се премачкува пандишпанот.
Најогоре се ренда чоколада а овој пат изборот падна на блок чоколадата и прекрасно се спои и вкусот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
i ja rado bi te pocastila :)