Корнфлекс колачи со сусам, ореви и мед
Подготовка
Прекрасен пандан на старите добри и обожавани шишарки или кукулички, како што ги викаме ние во Битола, кој за разлика од нив, овде има во секој загриз крцкава структура и е исто толку заразен за јадење. Предноста е плус во тоа што не губите време со калапење, туку сè се истура и потоа се сечe. Мераци!
1. Во суво тавче потпечете го сусамот. Корнфлексот издробете го со рацете да е поситен.
Ставете ги во тенџерче шеќерот, медот и маргаринот да се стопат и соединат на средна температура.
2. Во вангла ставете го корнфлексот и оревите. Ореви доколку сакате можи да додадете и дупло, а исто така кој сака (ние не го јадиме) можи да додаде и 100 гр суво грозје или брусница. Тргнете 50-60 гр од сусамот на страна и останатиот додадете го тука.
3. Измешајте и додајте ги стопените состојки. Повторно убаво измешајте и смесата истурете ја во плех обложен со пек-хартија и убаво со раце или алатка натиснете ја смесата, да се збие и израмни насекаде.
4. На крај посипете насекаде одозгора со сусамот, кој го тргнавте на страна и убаво натапкајте го да се залепи со смесата. Оставете да неколу часа да се здрви подобро и исечете ја на коцки, штангли или ромбови.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови