Компот од вишни
За овој едноставен рецепт доволно е да сакате на овој начин да собирате компоти, тогаш нема ништо тешко или што ќе ви го одземе времето.
- Измијте ги вишните и седнете си, полека - полека, на сите вишни кои планирате да ги спремите во ваков компот, извадете им ги семките.
- Во чисти измиени тегли ставете ред од вишните - ред 1-2 лажици шеќер, пак ред од вишните и се така додека наполнете теглата. Притоа битно е да со лажицата малку и ги налегнете. Што повеќе вишни да ви се соберат и така теглата ќе биде полна.
- Со капачките добро затворете, ставајте во тенџере или лонец да вријат, да се пастеризираат и тоа толку време колку што е потребно да капачката вакумира, шеќерот е стопен. Ќе забележите дека вишните го пуштиле својот сок.
Оставете ги така додека се олади водата, извадете и оставете на рафтовите кај оснатаната зимница.
Совет
-Вака спреманиот компот е идеален и за колачи, но во зимните денови е супер кога сме грипосани или имаме повисока температура.
- Доколку сакате да имате слатко, а притоа да вишната изгледа и на вкус дава осет на свежа вишна, тогаш ставајте повеке шеќер и варете подолго теглите. Супер е и вака спремано.
- На овој начин можете да спремите од јагоди, од цреши (јас не сакам цреши вака да спремам) капини, малини, рибизла, боровинка, се што е полно со сок...
Ете така драги мои јас собирам компотите, на овој начин без капка вода.
Лиценца: Сите права се задржани
Јас многу сакам компот од вишни,мислам дека е незаменлив
А што да правам кога сега имам - ми донесоа и ајде де. ...како да не ги спремам, не планирав викендов ништо, ама ете почнав веке од сокот...
Така бива :)
so da pravam sega ?????