Подготвувам компот од вишни секогаш кога на пазарот ќе се појават свежи вишни. Ако можете да најдете исчистени вишни - уште подобро, вашиот компот ќе биде готов за 15 минути. Прекрасно е да имате некоја тегла во зима, нели? Еве еден рецепт што сама го измислив и не бара многу време или енергија (освен чистењето на вишните).

Подготовка
1. Исчистете ги вишните од семките, на пазарот има разни алатки за побрзо чистење. Чистените вишни ставете ги во поголем сад. Додадете шеќер и 2-3 литри вода. Ставете го тенџерето да се вари со повремено промешување. Откако ќе почне да вари, оставете околу 10 минути.
2. Компотот додека е жежок, сипете го во топли тегли и добро затворете ги капаците. Да се чува на суво и ладно место.
Тоа е тоа!

Вишните понатаму можи да си ги користите и за разни торти и колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови