
21
јан
2016
Ориз со бело вино и свинско месо
Кромидот се сецка на поситно и заедно со морковот се пржи на зејтин. Одкако ќе се запржи се додава и месото и се пропржува додека се зацрвени. Кон месото се додава и оризот и се пржи 5-6 минути додека зрната не почнат да се двојат.
Целата смеса се истура во сад за печење, се додава грашокот и 3 чаши вода плус една чаша бело вино. Тавата се става на печење околу 30 минути на 200 степени. Се служи со кисела павлака и свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани