Испечати

Ориз со бело вино и свинско месо

Ориз со бело вино и свинско месо

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 1мала конзерва грашок
  • 1 чаша ориз
  • 400гр ситно сецкано свинско месо
  • 100мл зејтин
  • 2 лажици зачин
  • 1 лажичка црн бибер
  • 1 лажица сушен целер
  • 1 чаша(200мл) бело вино

Подготовка

Кромидот се сецка на поситно и заедно со морковот се пржи на зејтин. Одкако ќе се запржи се додава и месото и се пропржува додека се зацрвени. Кон месото се додава и оризот и се пржи 5-6 минути додека зрната не почнат да се двојат.
Целата смеса се истура во сад за печење, се додава грашокот и 3 чаши вода плус една чаша бело вино. Тавата се става на печење околу 30 минути на 200 степени. Се служи со кисела павлака и свежа салата.