Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот. Постепено додавајте ги течните состојки и на крајот и останатите, матејќи со најмала брзина на миксерот.
Испечете пандишпан.

Одвојте дел од млекото за растворање на густинот и пудингот, а остатокот со шеќерот ставете да се вари. Пред точка на вриење додадете го и растворениот дел и сварете густ крем.
Исечете го маргаринот на ситни парчиња и вмешајте го во кремот. Додајте ја ванилата.
Откако кремот убаво ќе олади, измиксирајте ја во него и слатката павлака предходно цврсто разматена.

Печениот колач натопете го со сокот од конзервата. Потоа премачкајте го со кремот и одозгора ставете ги половинките праски од компот превртени со сечениот дел надолу, благо втиснувајќи.

Одозгора ако имате ставте проѕирен прелив за торти, оставете убаво да се здрви.
Сечете го на коцки, така што во секоја на средина ќе има по една половинка праска.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани