24
апр
2013
Колач со џем од кајсија
Маргаринот пенсто изматете го со шеќерот. Едно по едно додавајте ги јајцата и постојано матете, додајте го млекото и мармаладот. Исклучете го мискерот и додајте го брашното измешано со пецивото и какаото и содата. Измешајте со жица и смесата сипете ја во плех 30х10 см. или помало обложен со хартија.
Печете на 200 степени околу 45 мин додека се испече и добие боја. Извадете го и оставете го да се излади и потоа превртете го на долгнавеста чинија премачкајте го со мармалад и посипете кокос или мелени ореви. Сечете на парчиња. Уште поубав е другиот ден кога малку ќе отстои во фрижидер...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови