Колач со јагоди
Кремаст и освежителен колач. Прво ги делиме белките од жолчките.
Во белките додаваме 5 лажици шеќер и 1 ванила. Матиме во цврст снег. Кон ова ги додаваме жолчките и пак матиме.
Брашното го мешаме со густинот и пецивото и го додаваме кон матените јајца. Смесата ја сипуваме во калап претходно намастен со зејтин и брашно(прво го намастуваме калапот и дното и страните со четка со зејтин и сипуваме 1 лажица брашно и го распоредуваме насекаде).
Кората ја печиме на 170 степени околу 25 минути. Кога е печена ја вадиме и ја оставаме да олади и потоа се вади од калапот. Калапот го миеме бидејки ќе ни треба за подоцна.
2 пудинга со 5 лажици шеќер и 3 лажици млеко(од 500 милилитри) ги мешаме заедно со лажица за да нема грутки. Млекото го ставаме на оган и кога ќе зоврие се додава пудингот и мешаме додека се згусне смесата. Ја префрламе во друг сад, ја покриваме со најлонска фолија за да не фати кора и оставаме да олади.
Посебно се мати слатката павлака и кон неа се додаваат исечени 300 грама јагоди и пак се мати кратко со миксер. Кога е оладен пудингот го матиме со миксер и додаваме од павлаката со јагоди.
Во калапот најдолу ја ставаме кората и врз неа приготвениот крем. Врз него додаваме сечени јагоди 300 грама. На оган ставме 250 милилитри вода со 2 лажици шеќер и 1 пакување желатин.
Мешаме постојано за да се растопи желатинот и смесата ја полеваме врз јагодите.Оставаме да излади на собна температура околу половина час, а потоа го ставаме колачот во фрижидер. Најдобро е да излади барем 2 часа.
Пред служење може да се измати една шлаг крема со млеко според упатството и да се декорира колачот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови