16
апр
2013
Колач со јаболка без зејтин
Јаболката се рендаат на покрупната страна од ренде и се наросуваат со гризот.
Во поголем сад се става шеќерот и се налева со водата. Се меша додека шеќерот се растопи. Во растопениот шеќер се додава мармаладот и убаво се меша да се соедини со шербетот.
Полека се додава брашното, оревите и на крај јаболката со гризот.
Целата смеса убаво се меша и се сипе во набрашнета тепсија и се става на печење. Се пече околу 25 минути на 180.
Колачот е без зејтин но јаболката му даваат дополнителна влажност и вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела